Оригинални авто делови, ОЕ, ОЕМ, aftermarket делови, копии...
Почитувани возачи,ентузијасти и љубители на Mercedes-Benz бидејќи постојат многу различни мислења за горенаведените изрази и нивното значење , нашиот тим ке се потруди да ги дефинира на наједноставен начин.
Оригинални авто делови или ОЕ делови (Original Equipment) се во основа делови кои се користат од страна на големите произведувачи на автомобили во нивните фабрики.Тие делови најчесто се направени под договор од страна на ОЕМ дистрибутери,како што се Bosch, Mann, Hella или од страна на некои други ОЕМ дистрибутери,за вградување во новите автомобили.Исто така постојат и многу други делови како што се каросерии,делови за ентериери итн.кои се произведуваат во сопствените фабрики на произведувачите на автомобили.
Доколку вие почитувани нарачате/купите вакви (оригинални-ОЕ) делови може да бидете сигурни дека ке ви бидат испорачани и доставени во оригиналната амбалажа со ознака на произведувачот на автомобили како што е во нашиот случај Mercedes-Benz
OEM ( Original equipment manufacturer) ознака се однесува на делови кои се произведени од страна на фабрика како што е Bosch, Mann, Hella и други по дизајн од произведувачот на автомобили како што се Mercedes-Benz, Audi, VW и други.Овие делови потоа се продаваат од страна на ОЕМ произведувачот со нивно сопствено пакување.Во многу случаи каталошкиот број и логото на произведувачот на автомобили е избришано за да се заштити / спречи кршењето на авторските права.Всушност ОЕМ деловите се исти делови како и оние кои се фабрично вградени во возилото (ОЕ)
ОЕМ Ekvivalent – Авто делови за кои може да се каже дека се ОЕМ Ekvivalent би биле оние кои се на пример ОЕМ за еден автомобил VW,но не и за друг автомобил од Audi кој што го има истиот мотор.Добар пример за тоа би бил филтер за масло кој е за одреден VW мотор е произведен од Mann, меѓутоа ОЕМ филтер за масло за ист таков мотор вграден во Audi е Mahle.Mahle би бил ОЕМ – Ekvivalent филтер за масло за VWи Mann би бил ОЕМ Ekvivalent филтер за масло за Audi.Многу важно прашање тука е квалитетот на производот на произведувачот Mann или Mahle кој што мора да биде во склад со остите стандарди –за да може да биде прифатлив.Тоа значи дека нивото на квалитетот останува ист во сите производи кои ги произведуваат овие фирми.Другиот илустративен пример би бил кога истиот произведувач на автомобили со помош на две различни фирми произведуваат делови за различни модели на автомобили.На пример,одреден Porsche модел ке користи филтер за гориво Mahle како ОЕМ, а друг модел на Porsche ке користи филтер за гориво Bosch како ОЕМ. И двата се ОЕМEkvivalent филтери,не само за Porsche туку и за било која друга линија за автомобили во кои што може да се вградат делови од Bosch,Mahle,Hengst,Mann,Knecht итн...
Aftermarket делови - се делови направени од други компании кои што не се ОЕ или ОЕМ произведувачи.Нив може и слободно да ги наречеме копии. Тие може исто така во поедини случаи да бидат и исклучително квалитетни но нивниот квалитет може широко да варира. Во нашиот сервис се трудиме да ги исфрлиме сите aftermarketпроизводи доколку нивните производи не ги исполнуваат ОЕМ стандардите,односно не се ниту близу до ОЕ или ОЕМ квалитетот.Добар пример за квалитетни афтермаркет делови се Bilstein амортизерите за Volkswagen.Иако Bilstein е дистрибутер за некои фирми како што е на пример Mercedes-Benz тој во исто време е и aftermarket за VW и Audi.
Значи, многу е важно да одвоите време за да се расчисти околу терминот ОЕ.ОЕМ,ОЕМ Еквивалент,афтермаркет,копии итн. затоа што многу продавачи/сервисери на авто делови не им е грижа ако го доведат во заблуда клиентот така што ги на некој начин рекламираат афтермаркет деловите со ОЕМ деловите.Кај нас деловите се декларирани и во секој момент можете да добиете прецизен и детален одговор околу тоа за каков дел станува збор и дали цената е во склоп на квалитетот.
Многу ни е важно да нашите клиенти добијат најквалитетни делови по најдобра можна цена.А за да се постигне сето тоа мораме да имаме повратна информација од сите вас во врска со вашето искуство со одредени делови.Слободно пишете ако имате искуства,добри или лоши сеедно или препораки за или против било која и да е марка на дел.